Општина Прилеп за 10 години инвестираше 10.000.000 евра во образованието

Главен приоритет во изминатиот период и во иднина на локалната самоуправа во Прилеп ќе биде континуирано инвестирање во училишните објекти за децата да имаат се поквалитетни и поквалитетни услови за образование и нивни континуиран напредок, а не собирање на политички поени како што сака некој тоа да го прикаже, се вели во демантот на општина Прилеп.

Во изминатите 10 години општина Прилеп инвестираше преку 10.000.000 евра во образованието.

Што се однесува до посоченото подрачно училиште во населбата „Варош”, кое постои од далечната 1926 година и во кое до пред  десетина години не беше ништо инвестирано, се вели во демантот.

Оваа локална самоуправа со средства од општинскиот Буџет инвестираше во:

-2008 година со средства од Локалната Самоуправа се санирани санитариите и таванот во една училница во висина од 1.800 000 денари.

-Понатаму следеше најголемата реконструкција на училиштето со промена на надворешната столарија и целосна реконструкција на покривот во Варош која е направена во 2013 год со сопствени средства од Локалната Самоуправа на општина Прилеп во висина од 2. 000 000 денари

-2014 година, комплетно се обновени ѕидовите во училниците со спуштени тавани, променети се подовите, вратите, фасадата на училиштето. Училиштето го смени својот лик.

-2015 година за прв пат е инсталиран систем за парно греење на течно гориво во висина од 450.000 денари повторно со средства од Локалната Самоуправа на општина Прилеп,  се со една цел квалитетно  образование.

-Посочените фотографии се токму од тие настани на реализација на успешни проекти кои се од големо значење за жителите од оваа населба и тука нема да застанеме туку и за оваа година планираме да реализираме нови проекти и заедно со учениците и жителите од оваа населба ќе го одбележиме нивното завршување и пуштање во употреба. Размислете кој овде, прави политика, дали тие што објавуваат вакви текстови или тие што градат, реконструираат училишта и пуштаат во употреба ветени проекти, се вели во демантот на општина Прилеп.

 
 
01.02.2016 - 15:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега