Грижата продолжува: Голем интерес за „Купи куќа за млади“

Во подрачните канцеларии кои од денеска се отворени во 33 општини во Македонија  за проектот „Купи куќа за млади“ и „Купи куќа, купи стан“ имаат голема посетеност.

- Интерес има уште од минатата недела, кога граѓаните беа информ ирани дека   ќе  се  отвораат канцеларии  „Купи  куќа,  купи  стан“  по  градовите. Во поголем дел помлади лица се распрашуваат за новиот проект „Купи куќа за млади“, но и оние над 36 години доаѓаат да се распрашаат за условите на проектот „Купи куќа, купи стан“, вели Маре Оцевска од подрачната единица во УИПР во Велес.

Катерина Трајкова од во канцеларијата во Струмица вели дека доаѓаат претежно  млади за  новиот проект  „Купи  куќа  за млади“,  некои информативно, а некои и со конкретни прашања и веќе донекаде собрана документација.

Граѓаните се заинтересирани за новиот проект „Купи куќа за млади“ кој се однесува на млади до 35 години.

- Заинтересирани сме за проектот „Купи куќа за млади“. Претходно имавме со сопругот некои отворени прашања и ни одговорија на фејсбук профилот на „Купи куќа, купи стан“, сега дојдовме да се информираме подетално за целата  постапка.  Јас годинава ќе  полнам  35 години, немаме  со  сопругот наше живеалиште и сакаме да го искористиме проектот за изградба на куќа, рече Биљана Стодева од Штип.

- „Купи куќа за млади“ е одличен проект. Ваква шанса мислам дека ниту една држава не дава за своите граѓани за решавање на животното прашање - да се обезбеди куќа. Јас дефинитивно ќе аплицирам. Дојдов да видам кои документи ми се потребни, вели Сашко Ангелоски од Прилеп.

Подрачните канцеларии „Купи куќа, купи стан“ почнаа да функционираат од денеска и ќе примаат странки секој понеделник и вторник од 10 до 15 часот. Подрачните канцеларии се наоѓаат во 29 подрачни единици на Управата за имотно   правни   работи,   а   четири   подрачни   канцеларии   во  Демир   Хисар, Крушево,   Делчево   и   Неготино   се   сместени   во   подрачните   единици   на Управата за јавни приходи.

Во   Скопје   канцеларијата   „Купи   куќа,   купи   стан“   во   Министерството   за финансии продолжува да прима граѓани заинтересирани за двата проекта секој работен ден.

Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески вчера најави дека наскоро   ќе   се   организира   и   караван   низ   градовите   за   презентирање   на проектите „Купи куќа за млади“ и „Купи куќа, купи стан“.

- Апелирам до сите млади луѓе да  се информираат за проектот и да ја искористат можноста што ја даваат овие канцеларии. Во текот на февруари ќе организираме и караван низ повеќе градови во Република  Македонија така што на сите начини ќе се обидеме да им го доближиме проектот на младите луѓе, истакна Ставрески.

Тој нагласи дека се работи за голема поддршка што им ја нуди државата на младите луѓе за да го решат едно од најсуштинските животни прашања.

Поддршката што се  нуди преку новиот проект  „Купи  куќа  за млади“ е  80 отсто субвенција на ратата и тоа главнина и камата во текот на осум години и   уште   три   години   субвенција   од   50   отсто   на   ратата   или   100   отсто     од учеството за кредит од учеството за кредит.

 
 
01.02.2016 - 13:24
Фото: 
МИА

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега