Издадени две потврди на Авганистанци за намера за признавање право на азил

 

Во изминатото деноноќие издадени се потврди на вкупно двајца странски државјани, од кои еден  од машки и еден од женски пол, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството двајцата странски државјани на кои им се издадени потврди,  се државјаните на Авганистан, соопшти денеска МВР.

Во периодот од 00,00 часот на 01.01.2016 до 24,00 часот на 31.01.2016 година, издадени  се потврди на вкупно 53.436странски државјани, од кои 22.128 се од машки пол, 11.527 се од женски и 19.679 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 102дете кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија 26.490, Авганистан 16.896и Ирак 10.047. 

Во периодот од 00,00 до 24,00 часот на 31.01.2016 година, до Секторот за азил  не се поднесени барањаза признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Во периодот од 00,00 часот на 01.01.2016 година до 24,00 часот на 31.01.2016 година, до Секторот  за азил поднесени се шест барањаза признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил на  шест малолетни лица од кои пет од Авганистан и две од Сирија

Во ЈУ Прифатен центар за баратели на азил во дневниот регистар на баратели на азил за 31.01.2016 година евидентирани се вкупно 22  баратели на азил од кои 13 мажи, една жена и две деца со придружба на старател. Дополнително, согласно член 48 од Законот за азил и привремена заштита, пет малолетни лица без придружба на старател се згрижени на друго место за сместување определено од Министерството за труд и социјална политика. 

 
 
01.02.2016 - 11:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега