ОБИЧАИ И ВЕРУВАЊА: Имате маки и нервози? - денешниот светец ќе ви ја смири душата

Денеска е Преподобен Макариј Египетски.

Овој Макариј, кого црквата го нарекува уште и Велики, се роди во Горен Египет, во 300 година. Кога стаса за женидба родителите го оженија против негова волја, но жена му умре по неколку денови, а наскоро умреа и родителите, а Макариј го остави светот и се повлече во Скитската пустина (денес Вади Хабиб, на границата меѓу Египет и Либија). Со време свети Макариј стана голем духовник, поминувајќи го целиот свој подвижнички живот во длабоко смирение. Се упокои во 390 година.

Неговата смиреност ги воодушевувала сите, па затоа еден ден го прашале, како го постигнува тоа. Еден демон сакал да си поигра со него, па му рекол, Има само едно нешто што неможам да го надминам, не е ни постот, ни сонот, туку твојата смиреност.

Макариј на своите ученици им велел: Не осудувајте никого и ќе бидете спасени.

 

 
 
01.02.2016 - 10:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега