Февруари почнува со 20 степени: Какво ќе биде времето неделава?

Времето во Македонија ќе биде сончево и топло, во западните делови променливо облачно со умерен ветер од северозападен правец. Утринската температурата ќе се движи од минус 2 до 5, а дневната од 12 до 20 степени. 

Во Скопје времето ќе биде сончево со умерена облачност и слаб ветер од северозападен правец. Температурата ќе достигне до 14 степени.

До среда ќе се задржи стабилно и релативно топло време, што ќе услови понатамошно топење на снежната покривка на планините.

Во вторник и среда, по одделни котлини има услови за појава на магла во утринските часови. 

 
 
01.02.2016 - 08:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега