Груевски: Проектот „Купи куќа за млади“ нуди услови кои ниту една држава не ги нуди, дури ни приближно

Посебен фокус на младите имаме во овој период и тоа ќе продолжи и понатаму. Објавивме досега вкупно 14 нови мерки за младите, истакна денес претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски во вестите на Сител.

-Една од мерките е проектот „Купи куќа за млади“, кој можеби е најважен. Таа категорија на млади и тоа како е заинтересира за овој проект. Проектот нуди услови кои ниту една држава не ги нуди, дури ни приближно. Ова е неповторлива можност за младите луѓе да го искористат, потенцираше Груевски.

Тој посочи дека се фокусирани и на градонаниците кои треба да овозможат понуда на локации со цел да се забрза нивното вклучување во овој процес преку обезбедување на големи локации.

-Им понудивме сериозен стимул, а тоа е централната власт да им помогне со трошоците за инфраструктура и комуналии. Направивме еден добар план. За десетина дена повторно ќе имаме средба, очекуваме еден поголем дел од нив да имаат поголема понуда, најмалку по 100 локации во секоја од општините, посочи Груевски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека има цела плејада на мерки кои се однесуваат на младите.

 
 
31.01.2016 - 18:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега