Ќе се стопира процесот за продажба на Офицерскиот дом во Битола и ќе се одлучи во корист на граѓаните

Државните институции, предводени од ВМРО-ДПМНЕ за овој објект тргнаа со една идеја, за која гледаме дека мнозинство од граѓаните на Битола не ја поддржуваат, истакна лидерот на владејчката партија Никола Груевски кој денес беше гостин во вестите на Сител.

-Го следевме тој процес и имавме меѓусебна комуникација. Размисливме и одлучивме од понеделник да се стопира тој процес, сигурно има некоја работа која нам не ни е до крај јасна, штом толку граѓани на Битола реагираат и ние треба да го почитуваме тоа, посочи Груевски.

 
 
31.01.2016 - 17:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа