Курир: Висок функционер на СДСМ требало да ја плати изјавата на сведокот на Јанева?

Вработениот во МВР, против кого е поднесена кривична пријава поради незаконски влијаење на сведоци, на сведокот му нудел 100.000 евра кои наводно требало да му бидат исплатени од еден од првите луѓе на СДСМ, дознава Курир.

Исплатата требало да се реализира откако истиот ќе ја потпише лажната изјава за компромитирање на лицата кои се таргет на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева и лидерот на СДСМ Зоран Заев.

Ваквите обиди за поткуп и влијаење врз сведоци, според извори од истрагата, се документирани и поткрепени со докази, а се очекува и надлежното Јавно обвинителство набрзо да го земе предметот во процедура. Истите извори велат дека недозволиво е службени лица од полицијата на ваков начин да се обидуваат да конструираат случаи кои подоцна би и ги претставиле на јавноста како нешто реално.

Дополнително, вработениот во МВР, за кој е поднесена кривична пријава поради влијаење на сведоци, беше метеорски беше унапреден од техничкиот министер Оливер Спасовски, а истиот имал и чести контакти со тимот на Јанева и Спасовски.

Во однос на случајот со втората поднесена кривична пријава против тројца јавни обвинители од СЈО поради малтретирање во вршење служба, истите извори велат дека не само што на лицето не му било дозволено присуство на адвокат, туку и сослушувањето не било снимано, што остава сериозен простор за сомнеж дека распитот се одвивал под закани.

Дополнително се отвора и прашањето дали обвинителите од обвинителството на Јанева не ги снимаат сослушувањата за да остават простор за изнудување на изјави со уцени и притисоци, што е спротивно на законот?

Како што објави Курир, лицето било уценувано и психички малтретирано од тројца обвинители кои барале да појасни службена процедура која воопшто не ја работи. Обвинителите од тимот на Јанева се заканувале дека ќе биде обвинет/а и „дебело ќе одговара“.

„Гледаш ли Никола Груевски што прави од државата и како не уназадува? Ти имаш фамилија, соработувај инаку ова нема тука да застане“.

На ваков начин се обраќале обвинителите подредени на Катица Јанева кон лицата повикани на разговор, надвор од секаква процедура пропишана со закон.

Курир побара одговор од Специјалното јавно обвинителство дали на лицето му било дозволено присуство на адвокат, како и дали сослушувањето е снимено, но до овој момент одговор од обинителството на Јанева нема.

 
 
31.01.2016 - 15:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа