Нека не ве лаже сонцето: Подгответе се за студ и снег

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од променлив правец. Наутро со услови за магла по одделни котлини.

Температурата ќе се движи од седум до 16 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од променлив правец. 

Температурата ќе достигне до 11 степени.

Слично време не очекува и на почетокот на наредниот месец, поточно првата седмица од него, а потоа, долгорочните прогнози најавуваат наоблачување кое ќе резултира со врнежи од дожд во втората недела на февруари, кои кон крајот на седмицата ќе преминат во снег, а температурите ќе се спуштат за некои десетина степени.

 

 
 
30.01.2016 - 13:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега