МВР: Редовен транзит на мигрантите по вчерашниот времен застој

Вчера од 15 до 18 часот е затворена јужната граница кај кота 59, а причина за временото затворање е затоа што на границата кај Табановце имало околу 600 мигранти кои чекале да влезат во Србија и да продолжат понатаму во земјите долж западно-балканската рута.

Ова за МИА го потврдија утрово од МВР и информираа дека по 18 часот вчера ситуацијата била редовна.

Според информациите од МВР, вчера и во прифатниот центар кај Гевгелија околу 650 мигранти чекале за да го продлжат патот кон Табановце.

 
 
28.01.2016 - 09:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега