Експерт од Вашингтон за The Hill: Одбегнувањето на СДСМ на априлските избори ќе значи дополнителни тензии

Американскиот експерт Џефри Гордон за реномираниот The Hill вели дека СДСМ се подготвува за бојкот на изборите подготвувајќи мрачно сценарио.

Воедно, Гордон апелира да се спречат обидите на СДСМ за одбегнување на априлските избори, за да не се предизвикаат дополнителни политички тензии.

-Груевски, кој беше премиер од 2006 година, се соочи со сомнителен предизвик од најголемата левичарска партија, која се подготвува да ги бојкотира изборите во рамките на едно мрачно сценарио. Опозицискиот лидер Зоран Заев објави тајно снимени и монтирани разговори на преимерот во обид да го уценува – тактика која бил била незамислива во било која западна демократска земја. Имајќи предвид дека партијата на Заев далеку заостанува на предизборните анкети, СДСМ гледа единствена шанса ако целосно го одбегнат изборниот процес. Притоа, лесно може да се забележат обидите на Москва да се вмеша во кризата – Кремљ работи против европските интеграции. Иако Европската Унија ја напушти Македонија во текот на бегалската криза, ЕУ барем презема одговорност за менаџирање на изборната криза и ги притисна сите четири македонски политички партии да ги почитуваат демократските процеси и да учествуваат на изборите во април, како што беше договорено во текот на летото. При својата оставка, Груевски повика ‘да не дозволиме политичките пресметки да го кочат напредокот на Македонија’. Да се надеваме дека така и ќе биде. Грешките на Балканот се многу скапи, пишува Гордон во колумната објавена во Хил.

 
 
27.01.2016 - 17:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега