ВМРО- ДПМНЕ: Граѓаните ќе го казнат лицемерието на СДСМ

Стравот од избори на СДСМ е се поголем, како што наближува 24 април, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Во продолжение следува интегрален текст од реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ.

Очајничкото бегање од соочувањето со народот и растечката нервоза на Бихаќка се кристално јасни за секој граѓанин на Република Македонија.

СДСМ знае дека рејтингот меѓу народот им е катастрофален бидејќи наместо програма и проекти, партијата се потпира само на Фабриката за афери.

Затоа СДСМ бега од избори како ѓавол од темјан.

За разлика од нив, ВМРО-ДПМНЕ цело време е силно посветена и работи во интерес на граѓаните.

Отворени се повеќе од 150.000 нови работни места низ целата држава. Благодарение на политиките на владата на ВМРО-ДПМНЕ и континуираното подобрување на бизнис климата, во Република Македонија влегле повеќе од 50 директни странски инвестиции. Повеќе од 800 милиони евра се вложени во земјоделието како субвенции. Покачени се платите, пензиите, социјалните трансфери. Стотици и стотици милиони евра се инвестирани во здравството, во новите училишта, во нови патишта, во водоводи и канализации низ цела Македонија. Ова се фактите и бројките кои ги знаат сите.

СДСМ наместо да понуди програма и да се натпреварува со идеи, се реши да делува деструктивно и манипулаторски. Луксузот и расфрлањето се стил на СДСМ. Радмила Шеќеринска со донација на една своја чанта месечно може да прехрани 20 семејства. Петре Шилегов со донирање на својата колекција од часовници и слики може да обезбеди школување за 500 студенти. Со само една уплата на поткуп од Вицето, тешка 100 000 евра може да се испратат неколку болни на лекување во странство. 10 четиричлени семејства во секој момент би можеле да летуваат бесплатно во хациендата на Заев на Егејското море, односно само во летните месеци 160 социјални семејства би можеле да заминат на годишен одмор на море, каде како екстра услуга би била понудена јахтата на Радмила Шекеринска.

Лицемерието на СДСМ го знаат сите, а ќе биде казнето на денот кој се ближи се повеќе и повеќе. Само 92 остануваат до 24 април кога народот 10-ти пат по ред ќе ја достави својата пресуда до СДСМ.

 
 
22.01.2016 - 16:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега