Се разгледуваат понудите за останатите три географски целини од „Џумајлија“

На 18 јануари годинава заврши огласот и за останатите три географски целини од „Џумајлија“

Како што информира денеска заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Ванчо Костадиновски, на огласот се пријавени повеќе понудувачи, правни и физички лица, меѓу кои и странски компании.

– Комисијата ги разгледува понудите за да утврди кој понудувач има доставено комплетна документација. Тоа е услов за натамошно учество на електронското јавно наддавање, рече Костадиновски.

На огласот минатата година, едната од вкупно четирите географски целини на кои беше поделена „Џумајлија“, ја доби домашната компанија „Агрија“ која најави вкупна инвестиција од три милиони евра.

 
 
22.01.2016 - 15:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа