Димитриев: Со комуникација меѓу Владата и ДИК ќе направиме услови за реализирање на изборите

Претседателот на Владата за спроведување на изборите, Емил Димитриев, денес одржа работна средба со претставници на ДИК, на која присуствуваа и министрите.

Димитриев порача дека на вакви средби проблемите може да се решаваат на лице место.

-Јас сум убеден дека преку една поинтензивна комуникација помеѓу Владата и ДИК ќе направиме услови за реализирање на изборите на 24-ти април. Претпочитам комуникацијата да ја водиме преку вакви средби, сметам дека преку оваа форма ќе имаме најдобра можност и начин да ги решаваме проблемите. Самата природа на проблемите не е таква да не можат да бидат решени. Верувам во капацитетот на моите соработници, а знам дека и вие сте на линија да направиме максимум за изборите да бидат организирани на еден фер и демократски начин, рече Димитриев на средбата со претставници на ДИК.

Тој потенцира дека има неколку предлози и размислувања  за тоа како да се менаџира овој процес.

-Сега формално како Влада задолжена да спроведување на изборите имаме право комуникацијата со институциите задолжени за организирање на изборите да ја подигнеме на повисоко ниво. Размислувам сите активности со кои Владата може да помогне, да ги ставиме на хартија, како еден документ кој што може да биде прва предточка на секоја седница на Влада, со тоа ќе добие и на динамика, рече Димитриев.

 

 
 
22.01.2016 - 13:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега