Напад врз автобус со работници во Египет - три лица го загубија животот

 Најмалку три лица загинаа, а 17 се повредени во напад кој се случи изутринава врз автобуској превезувал работници во градот Ел Ариш.

Во автобусот патувале работници од фабрика за цемент во близина на границата со Појасот Газа, врз кој биле фрлени гранати.

Напаѓачите извикале „Алах о акбар“ (Господ е голем), по што автобусот бил погоден.

Во реонот на северен Синај, кој граничи со Израел и Газа, по соборувањето на египетскиот претседател Мохамед Морси се почести се нападите на исламистички групи.

ФОТО: Курир