Се огласи сопругата на Боуви: „Ќе те сакам до смрт и ќе те видам на небото“

 

Дејвид Боуви умре на 70 години, откако 18 месеци се борел со ракот, а за неговата смрт проговори и неговата сопруга, супермоделот Иман.

Иман Мухамед Абдулмахид, објави серија на пораки на социјалите мрежи по смртта на Боуви, со кој била во брак 23 години.

„Вистинска борба е, но има Бог“, напиша на Твитер и додаде: „Во некои случаи не ја знаете вистинската вредност на моментот, додека не стане сеќавање“.

„Ќе те сакам до смрт и ќе се видиме на небото“, напиша Иман.

Парот се венча во 1992 година и времето го поминувал во Лондон и Њујорк. Нивната ќерка Александра е родена во 2000 година.

 
 
12.01.2016 - 11:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега