Никогаш не ги игнорирајте овие симболи во сонот
Овие симболи во сонот никогаш не треба да ги игнорирате.
Кутии
Ако сонувате кутии значи дека имате чувство дека некој крие нешто од вас. Празна кутија значи разочарување. Многу кутии значи дека имате потешкотии да ги разберете вашите чувства и имате потреба да ги скриете.
Телефони
Телефон кој ѕвони значи дека конечно се исполнувате духовно. Ако не се јавите на телефонот, ги игнорирате можностите кои ви се нудат.
Летање
Летањето во сон е типично за луциден сон. Овие ситуации значат „будење“ на вашата потсвест. Летањето може да значи дека имате потешкотии во животот и се обидувате да ги надминете.
Пат
Патиштата се симбол за авантура. Ако сонувате чист пат значи дека ви следуваат убави работи. Ако на патот има магла или тешко е да се снајдете, вие се плашите за вашата иднина.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа