Ќерка подигнала џип од 2,5 тони за да го спаси животот на татка си

Ќерка од Бостон успеала да крене џип тежок 2,5 тони за да го спаси животот на својот сакан татко.

Се работи за 22-годишната Рејчел која го направила ова неверојатно дело откако таткото кој ги поправал кочниците на автомобилот останал згмечен под него бидејќи му се откачила дигалката. За среќа, Рејчел била дома и го слушнала крикот.

- Самата не знам како успеав да го подигнам возилото и од каде ми дојде силата. Веројатно тоа е адреналинот поради стравот и паника, вели Рејчел.

За среќа, таткото поминал само со неколку модринки.

најчитано сега