Гостивар: Влегле преку балкон и украле златен накит но поголемиот дел им паднал додека бегале

47-годишната С.З. од Гостивар пријавила дека непознати лица извршиле тешка кражба во куќата на нејзиниот  22-годишен брат А.З.

Крадците се искачиле на балканот од куќата, го отвориле прозорот, влегле внатре, извршиле пребарување и во подрумот во едно ќумбе пронашле златен накит, кој се обиделе да го одземат, но во тој момент во куќата влегла С.З., која ги забелажала сторителите, по што истите веднаш се дале во бегство.

Додека крадците бегале поголем дел од накиот им паднал и успеале да одземат само дел од него, причинувајќи материјална штета од околу 200.000 денари. 

најчитано сега