СДСМ нема намера да го почитува законот, Јанева на потег

Интегрален текст од изјавата за медиуми на Петре Шилегов, портпарол на СДСМ.

СДСМ е во целост подготвен да ја исполниме законската обврска за доставување на материјалите од незаконското следење на комуникациите.

Материјалите од незаконското следење на комуникациите се од исклучително сензитивна и доверлива природа и заради обезбедување нивна максимална заштита, нема да пристапиме кон нивно предавање, `се до моментот додека не се обезбедат услови сите материјали да бидат соодветно и максимално обезбедени.

 

Од денешиот допис на СЈО потврдени се и нашите сознанија дека во моментов нема услови за таква заштита на материјалите.

 

Соодветна заштита на материјалите подразбира и соодветно 24-часовно обезбедување, коешто ние не знаеме дали е обезбедено, бидејки сеуште не е донесен Законот за јавнообвинителска служба.

 

Укажуваме дека се работи за исклучително високо ниво на сензитивен и доверлив материјал со приватни разговори, а голем дел од нив веројано содржат и информации класифицирани како службена и државна тајна и нивното евентуално губење, исчезнување, крадење или појавување во јавноста, би имало несогледливи последици за целиот правен и политички процес.

 

 
 
17.12.2015 - 18:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега