Познат бизнисмен фатен како им ги буши гумите на соседите

 

Лице вработено како обезбедувње во банка вчера наутро фатил 73 годишен старец како им ги буши гумите на соседите на паркинг пред зграда во Сплит, јавуваат хрватските медиуми. Според информациите станува збор за познат сплитски бизнисмен, чиј бизнис неодамна пропаднал, но никој не знае, зошто човекот се решил да им ги буши гумите на соседите. Тие за Слободна Далмација велат дека автомобилите се паркирани на паркинг и не сметаат никого, а нивниот сосед, за кој и претходно се сомневале дека им ги оштетува автомобилите, воопшто нема возило.
Тој бил виден како со ножици ги буши гумите, по што го бил пријавен во полиција.
Соседите велат дека најверојатно старецот има проблеми со здравјето и дека е потребно државата да го згрижи во соодветна институција.

 
 
09.12.2015 - 11:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега