Со куршум во главата убиено едно лице во центарот на главниот град на Србија
Со еден куршум во главата, утрово околу 10 часот убиено е едно 37 годишно лице во центарот на Белград, јавуваат српските медиуми. Според информациите, станува збор за класична егзекуција. Во него пукал непознат маж од автомобил марка Фиат Браво со белградски регистарски ознаки.
На лице место пристигнала Брза помош и полиција.
09.12.2015 - 11:20
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа