Билатерални средби на Попоски при Министерскиот совет на ОБСЕ

Министерот за надворешни работи на Република Македонија Никола Попоски, во рамки на Министерскиот совет на ОБСЕ во Белград, оствари билатерaлни средби со неговите колеги од Холандија и Финска, Берт Кендерс и Тимо Соини, со генералниот секретар на ОБСЕ Ламберто Заниер и директорот на ОДИХР, Михаел Линк.

Главен фокус на разговорите при средбите, како што соопшти денеска МНР, биле внатрешно - политичките случувања, развојот на политичкиот дијалог, претстојните избори кои треба да се одржат во април, мигрантската криза и состојбата со мигрантите на граничните премини на Република Македонија.

Попоски ја поздравил намерата на ОБСЕ за испраќање набљудувачка мисија за претстојните избори, при што упатил барање до Генералниот секретар на ОБСЕ и директорот на ОДИХР за што поголем број членови на набљудувачката мисија на ОБСЕ со цел, како што потенцирал, избегнување какви било можни изговори поврзани со изборниот процес.

Во однос на состојбата со мигрантите, Попоски ги истакнал мерките што ги презема Република Македонија за целосно обезбедување на хуман и безбедносен европски коридор. На средбите било констатирано дека мигрантската криза е голем предизвик за ЕУ, но и за земјите од Балканот, за што има реална потреба од заедничка европска стратегија за мигрантите низ македонската територија. 

 
 
03.12.2015 - 14:22
Фото: 
МИА

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега