Димовски: Здруженијата да дадат свои предлози за законот за медиуми

Во следните 2-3 дена бараме од МАН, ЗНМ, од Асоцијацијата на медиуми, од Асоцијацијата на локални и регионални медиуми и од сите здруженија на граѓани од сите претставници на цивилниот сектор, писмено да достават до нас свои предлози што е тоа што треба да биде променето или подобрено во законите или нивни коментари за темите кои што досега станаа дел од јавната дебата по однос на оваа сфера, порача денеска пратеникот Илија Димовски.

-Би сакал официјално во име на ВМРО-ДПМНЕ да побарам од сите здруженија на новинари, од ЗНМ од МАН, од Асоцијациите на медиуми, дали локални, национални… Од сите претставници на цивилното општество кои имаат интерес на оваа тема. Не само медиумите заради тоа што медиумскиот простор не е во сопственост ниту на политичарите, ниту на новинарите исклучиво, туку и на другите асоцијации што подразбираат цивилно општество, синдикатите, коморите, верските заедници, спортските асоцијации, културните друштва, сите коишто имаат свои согледувања за оваа тема, согледувања за поставеноста на законите, за проблемите кои сме ги имале досега или онака како што треба да ги развиваме работите, во следниов период, во следните два до три дена да достават до нас писмени предлози за тоа како треба да се постапува во насока на подобрување на оваа проблематика, рече Димовски.

Тој подвлече оти сметаат дека политичките партии сами по себе, заедно со претставниците на меѓународната заедница не се доволно во градење на еден здрав и одржлив систем и рецепт за развој на медиумскиот простор во Република Македонија.

-Ние мораме да имаме европски закон, закони кои што функционираат во Европската Унија и закони кои што ќе гарантираат стандардизација и професионализација и либерализација на медиумската сфера. Нема да прифатиме никакви закони кои што ќе значат зголемување за казните за медиумите  или партизација на државните органи надлежни за оваа проблематика, подвлече Димовски.

 

 

 
 
03.12.2015 - 12:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега