Македонија го одбележува Меѓународниот ден на лицата со инвалидност

Во организација на Националниот совет на инвалидските организации на Македонија денеска во Скопје ќе биде одбележан 3 декември - Меѓународниот ден на лицата со инвалидност.

Во рамки на одбележувањето ќе се одржи трибина на тема „Инклузијата е важна: Пристап и зајакнување на сите способности на секое лице со инвалидност“.

Најавено е обраќање на министерот за труд и социјална политика  Фросина Ташевска - Ременски и на претседателот на НСИОМ, Чедомир Трајковски.

Во организација на одбележувањето на Меѓународниот ден на лицата со инвалидност се вклучени и Националниот сојуз на слепи на РМ, Национален сојуз на глуви и наглуви на РМ, Национален сојуз на лицата со телесен инвалидитет на Македонија - Мобилност Македонија, Републички центар  за поддршка на лица со интелектуална попреченост - Порака, Национален сојуз на цивилни инвалиди од војната на Македонија, Национална федерација за спорт и рекреација на инвалидите - Македонски параолимписки комитет и Национален сојуз на инвалиди на трудот на РМ.

 
 
03.12.2015 - 09:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега