Груевски во посета на Прилеп

Премиерот Никола Груевски денеска ќе престојува во посета на Прилеп, каде што во Технолошко индустриската развојна зона ќе присуствува на одбележување на градбата на фабриката на компанијата Гентерм.

При престојот во Прилеп, соопшти владината служба за информирање, Груевски ќе присуствува и на пуштање во употреба објект со 76 станови за лица со социјален ризик и други ранливи групи и ќе има средба со жителите на населба Точила. Ќе посети и стадион на кој е поставена вештачка трева во Типската населба, ќе присуствува на отворање нова спортска сала во СОУ „Кузман Јосифовски Питу“ и на ново монтажно училиште ОУ „Круме Волнароски“, а ќе има средба и со жителите на село Беровци.

Премиерот Груевски ќе го посети и реконструираниот источен конак на манастирскиот комплекс „Св. Архангел Михаил“

 
 
02.12.2015 - 10:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа