Героски го повикува СДСМ да ги бојкотира изборите во април

Последните резултати од анкетите кои СДСМ ги добиле деновиве си го сторија своето Уредникот на соросовите Плусинфо и Слободен Печат Бранко Героски како и пред претходните избори повторно го повикува Зоран Заев СДСМ да не излезе на соочувањето со граѓаните закажано за 24 април идната година. 

Во текст објавен на соросoвиот портал, Героски повикот за бојкот на изборите го оправдува со тоа дека денешното задолжување преку аукцијата на Министерството за финанси значело изборна корупција.

„Зоран Заев вчера ја погоди целта. Ако итно не се спречат задолжувањата заради изборната корупција и ако до крајот на декември не се забележи видлов напредок на медиумите во насока на нивно ослободување од стегите на режимот, изборите во април 2016 година нема да бидат регуларни. Точна и прецизна дијагноза. После која, да се прашувам јас, би требало да уследи и јасен и прецизен услов – СДСМ нема што да бара на нерегуларни избори. “ – пишува Героски во текстот објавен на Плусинфо.

 

Героски конечно признава дека власта не ги добива изборите преку изборен фалсификат

„Начинот на кој Никола Груевски победува на сите избори, од 2006 година до денес, не се грубите фалсификати, иако има и такви. Не, марифетот е непреченото и безобразно трошење пари позајмени од странски и од домашни банки - пари кои утре народот треба да ги враќа! – пишува Героски.

Ваквиот повик на Героски е вистинско дежаву за сите кои ја следат македонската политичка сцена. Героски повикува на бојкот на секој изборен процес уште од 2013 година и тоа токму во оној момент кога на Бихаќка ќе стане јасно дека партијата ја чека нова катастрофа на изборите.

По овој повик на Героски објавен пред последните парламентарни избори, СДСМ доживеа исторски изборен дебакл изразен со 200.000 гласа разлика.

Експертите велат дека ваквите повици доаѓаат по серијата објавени анкети на најугледните рејтинг агенции и институти како Брима Галуп и ИРИ кои покажуваат дека рејтингот на Заев забрзано тоне, а ист тренд бележи и партискиот рејтинг.

Партиски извори од Бихаќка брифираат дека уште пострашни резултати дале анкетите кои СДСМ ги прави за свои потреби. 

Експертите уште одамна предупредија дека СДСМ ќе стори се за да не излезе на изборите.  Искуството од минатото вели дека првиот чекор на СДСМ е повикот на Героски за бојкот на изборите, по што ќе следат слични повици и од останатите опозициски „експерти“. 

 
 
01.12.2015 - 23:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега