Потресна исповед на таткото на терористката: „Ќе полудам, за се е виновен нејзиниот сопруг“
„Со денови не сум сигурен дали сонувам, ќе полудам. Го обвинувам зетот Енес Мешиќ за ова: да ми е сега тука би знаел што ми прави“, изјавува таткот на терористката Елма, Беќир Џушинац за српските медиуми.
„Се шокирав тогаш и сеуште сум во шок. Цело семејство тоа не можеше да го претпостави: имам уште два синови и ќерка, но на никој не му е јасно тоа што се случува со Елма. И понатаму се надевам дека е грешка. Ако тоа е точно, мора повторно да направам се за да ја превоспитам“, очајно изјави таткото.
Инаку Елма е уапсена во БиХ во средата, заедно со сопругот Енес, бидејќи биле дел од радикални исламистички групи.
Елма регрутирала жени и девојки за Исламската држава, а според нејзиниот татко, Енес е виновен за таа работа.
Инаку за џихадистката во Србија била распишана меѓународна потерница, а во средата е фатена во БиХ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа