Седум тинејџери починаа од смртоносни зелени екстази

Шкотската полиција ги предупреди младите лица на смртната опасност која ја носат зелените таблети екстази со знакот „Ролекс“. Таблетите содржат токсични хемикалии, меѓу кои е опасниот хемиски стимуланс РМА, кои би можеле да имаат потенцијално смртоносни ефекти, пишува весникот „Дејли рекорд“, според информациите од шкотската полиција.

За жал, од овој вид на дрога досега починале 7 лица, а последната жртва е 18-годишна девојка од Александрија во областа Вест Данбартоншир. 

Главниот лекар Ричард Стивенсон од болницата во Глазгов посочи дека симптомите на труење се висока температура, агресија и болка во мускулите како и халуцинации и преголема возбуденост. Сепак, доколку навреме корисникот побара медицинска помош, може да биде спасен.

ФОТО: СКАЈ

најчитано сега