Откриена причината за двојното убиство во мотелот во Охрид

Откриена е причината за двојното убиство кое се случи во мотелот Император и ја потресе Македонија. Нерасчистените сметки меѓу двајцата другари кои работеле нелегални бизниси во Холандија кулминираа лани во август, кога обвинетиот Бојан Петрески со пиштол го уби Ромео Гузелоски, објави Канал 5.

Според исказот на обвинетиот,  додека тој си го барал долгот сега починатиот Ромео се заканувал со пиштол кој го носел на појас. Започнала тепачка се скршила стаклената маса а Ромео со стакло го нападнал Бојан. Обвинетиот тврди дека го одзел пиштолот на убиениот и во одбрана пукал. На ништо друго не се сеќава. Не знае како го убил сопственикот на мотелот Васил Ристески.

-Немав намера никого да убијам отидов да си ги барам парите. Ромео беше или пијан или дрогиран се закануваше со пиштол, рече Бојан Петрески во Основниот суд во Охрид, пренесе Калан5.

Второобвинетиот Ристе Силјаноски, кој се товари за помагање при убиство во својата одбрана кажа дека не очекувал ниту знаел дека ќе се случи немилиот настан.

Инаку, двојното убиство се случи лани на 21 август во мотелот Император во Охрид кога Бојан по кратка расправа за пари го уби 38 годишниот Ромео Ѓузелоски а веднаш потоа и  56 годишниот Васил Ристески.

Првообвинетиот после убиството беше во бегство, во соседна Албанија  каде после шест  месеци беше приведен и екстрадиран во земјава.

 
 
25.11.2015 - 15:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега