Расветлени кражбите во двете тетовски џамии

Две кражби што се случиле во две тетовски џамии минатата недела се целосно расветлени од страна на полицијата.

Во првиот случај како осомничен дека е сторител на тешката кражба која се случила на 20. ноември во џамијата „Гам-гам“ е Б.Ш.(33) од Тетово кој вчера попладне околу 17 часот и 30 минути бил лишен од слобода и по извршениот разговор потоа бил пуштен. Претходно,  кај него биле пронајдени и со потврда  одземени  компјутер, монитор, два звучника, рисивер од опрема за видео-надзор, два електрични радијатори и четири рачни часовници.  Одземените предмети, нагласи Јосифовски, се вратени во џамијата „Гам-гам“ додека против Б.Ш. ќе следува соодветен поднесок.

Тетовската полиција  вчера целосно ги расветлила и трите кражби на велосипеди  оставени од верниците во дворот на Шарена џамија во Тетово,што биле пријавени минатата недела.

- Во овој случај осомничен е С.И.( 22 ) од тетовското село Рогле против кого ќе биде поднесена соодветна пријава додека велосипедите се пронајдени, одземени и вратени на нивните сопственици, рече Јосифовски.

 
 
25.11.2015 - 14:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа