Патниците од боингот кој се урна во Сан Франциско не биле евакуирани на време

Федерален претставник на САД изјави дека на патниците на „Боингот 777“ кој се урна во Сан Франциско, најпрвин им било кажано да не се евакуираат од леталото кое било во пламен. Откако стјуардесата го забележала пламенот, дури тогаш започнала евакуацијата, цели 90 секунди по падот.

Првото спасувачко возило дошло 30 секунди по почетокот на евакуацијата.

Инаку, во трагедијата која се случи во Сан Франциско две лица загинаа, додека 180 беа повредени.

најчитано сега