Калиопи повторно ќе ги претставува боите на Македонија на Евровизија

МРТ одлучи. Наш претставник годинава на Евровизија повторно ќе биде Калиопи, која веќе еднаш ги претставуваше боите на Македонија со феноменалниот настап на "Црно и бело". 

„Македонската Радио Телевизија како членка на Европската Радиодифузна Унија, донесе одлука со која се дефинира  учеството на Македонија  на претстојното 61-то издание на најголемиот меѓународен музички фестивал во Европа – Избор за песна на Евровизија, кој ќе се одржи во мај 2016, во Стокхолм, Шведска. Одлучено е оваа година честа за претставување на Јавниот национален радиодифузен сервис и Македонија, повторно да и се довери на најголемата македонска поп-рок ѕвезда, но и на едно од најголемите балкански афирмирани  музички имиња  – Калиопи.

Како што информираат од МРТ, не се сомневаат дека Калиопи ќе покаже голем успех, исто како во 2012 година.

- Сигурни сме дека соработката на МРТ, со добро познатата комбинација, на поп дивата Калиопи и композиторот Ромео Грил којшто и овој пат ќе биде автор на македонската евровизиска  композиција, ќе резултира со модерен, атрактивен евровизиски производ, со афирмативен национален карактер„ , велат од МРТ. 

Оваа година Евровизија се оддржува во Шведска.

 
 
25.11.2015 - 10:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега