„Сан“: Наредната година 80 илјади Бугари ќе пристигнат во Велика Британија

Британскиот весник Сан пишува денеска дека околу 400 илјади бугарски државјани планираат да емигрираат на Запад за помалку од шест месеци, а нивниот прв избор е Велика Британија.

Британскиот таблоид се повикува на неодамна спроведената анкета во Бугарија, според која 17 проценти од Бугарите на возраст од 15 до 55 години се подготвени да го спакуваат својот багаж. 

„Сан“ наведува дека согласно европските регулативи од 1 јануари идната година граѓаните на Бугарија и Романија ќе можат слободно да живеат во Велика Британија.

Инаку, според анкетата, втора најпосакувана дестинација за Бугарите е Германија.

ФОТО: СИТЕЛ

најчитано сега