Премиерот на Луксембург ја напушта фотелјата - скандал со разузнавачките служби ја стресе земјата

Премиерот на Луксембург Жан-Клод Јункер, кој 18 години ја извршува функцијата, вчера беше принуден да поднесе оставка како резултат на скандалот со злоупотреби во разузнавањето.

- Ќе свикам состанок на Владата в четврток и ќе ја предадам оставката. Од претседателот ќе побараме одржување предвремени избори, рече Јункер пред Парламентот.

Седум часа вчера законодавниот дом на Војводството Луксембург разгледуваше извештај, според кој разузнавачките служби незаконски прислушувале политичари, купувале автомобили за лична употреба и постојат сомневања дека добивале поткупи во замена на податоци за локални официјални лица.

Поради скандалот христијандемократите на Јункер ги напуштиле коалициските партнери социјалистите, кои побарале од премиерот да преземе политичка одговорност.

Јункер тврди дека не знаел за злоупотребите на луксембуршките разузнавачи.

најчитано сега