Петицијата предадена на Јахјага:Опозицијата во Косово против формирање на Заедница на српски општини

 

Претставници на три косовски опозициски партии и ја предадоа денеска на косовската претседателка Атифете Јахјага петицијата со 205.254 потписи на граѓаните во врска со нивното противење на Заедницата на српските општини и демаркацијата со Црна Гора, а таа сите политички партии ги потсети на нејзиниот апел за политички дијалог. 

Трите опозициски парламентарни партии, Самоопределување, Алијансата за иднината на Косово и Иницијативата за Косово подолго од три месеци ја блокираат работата на косовскиот Парламент, барајќи поништување на бриселската спогодба за формирање на Заедницата на српски општини, како и спогодбата за демаркација со Црна Гора.

Претставниците на опозицијата нагласија дека ова е втор пат како петицијата и ја предаваат на Јахјага, со цел да биде запозната дека таа навистина постои.

 
 
23.11.2015 - 19:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега