Министерот Јолевски учествува на Меѓународниот безбедносен форум Халифсакс

Министерот за одбрана Зоран Јолевски од денеска до 22 ноември учествува на Меѓународниот безбедносен форум Халифсакс 2015 во Канада на кој ќе има обраќање и ќе оствари наколку билатерални средби, меѓу кои со министрите за одбрана на Канада, Литванија, Албанија, Холандија...

- Меѓународниот безбедносниот форум Халифакс 2015 е посветен на глобалните безбедносни прашања и е единствен од овој вид во Северна Америка. На Форумот учествуваат повеќе од 300 делегати од 60 држави, меѓу кои високи државни претставници, министри за надворешни работи и за одбрана, високи претставници на генералштабови, сенатори, членови на парламенти, високи функционери во НАТО, академски експерти итн, информира Министерството за одбрана.

 
 
20.11.2015 - 23:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега