Чибишев: Единствено што направи СДСМ за пензионерите беше намалувањето на пензиите за 8%

Пратеникот Андон Чибишев од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на денешната собраниска дебата по повод Предлог буџетот на Република Македонија за 2016 година се осврна на проектите и мерките кои досега се превземени за поквалитетен живот на пензионерите притоа потенцирајќи дека единствено нешто што СДСМ има направено за ние е намалувањето на пензиите за 8%.

-Рековте дека за исплата на пензиите Владата постојано зема кредити. Јас мислам дека вие од опозицијата најмалку смеете да зборувате за пензионерите. Што направивте вие за пензионерите сем што им ја намаливте пензијата за 8% па после ние моравме да вложуваме вонредни напори за да ја нивелираме штетата што ја направивте. Во последните години 10 пати ја зголемивме пензијата на пензионерите. Велите од кредити сме ја зголемувале пензијата, па која е таа финансиска институција која што десет години нас ќе ни дава кредити за да ги покачуваме пензиите, рече Чибишев.

Освен зголемените пензии за пензионерите, тој ги спомна и другите олеснувања и мерки кои се воведоа за подобрување на пензионерскиот живот.

-За пензионерите направивме уште многу други работи. Им овозможивме бесплатен градски превоз, им овозможуваме бесплатен туристички викенд, ги ослободивме од партиципација кога чежат во болница, неколкукратно ги намаливме цените на лековите, заклучи тој.

 
 
20.11.2015 - 20:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега