Ефтимов: Новиот буџет предвидува континуиран развој на руралните средини

Денес, на последниот ден од расправата за Предлог буџетот за 2016 година во Собранието на Република Македонија, пратеникот Дајанчо Ефтимов од Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ напомена дека со новиот буџет ќе се продолжи континуитетот на развој на руралните средини.

-Како прво, ќе почнам со тоа дека овој буџет е развоен и дека недвосмислено ќе го поддржам бидејќи во него се гледа континуитетот кој што оваа Влада го прави во последните години со самото реализирање на буџетите од претходните години, рече Ефтимов.

Ефтимов нагласи дека во општината од каде што доаѓа односно во Општина Василево досега се изградени 4 индустриски зони во кои се отвораат нови откупни дистрибутивни центри за земјоделските производи.

-Во една рурална општина како што е Општина Василево има четири индустриски зони. Во овие индустриски зони исто така се отвораат нови откупно дистрибутивни центри. Се градат и капацитети со кои на земјоделците ќе им бидат откупени земјоделските производи, а исто така со преработката ќе бидат ќе бидат отворени нови директни вработувања. Со средствата од буџетот и од Програмата за рамномерен рурален развој ќе бидат изградени нови канализациони и водоводни системи, заклучи Ефтимов.

 
 
20.11.2015 - 20:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега