Целосно расчистена пругата Велес - Битола

Целосно е расчистена пругата Велес -Битола која не беше во функција поради одрон на карпи помеѓу станиците Чашка и Богомила, соопшти ЈП Македонски железници - Инфраструктура.

 - По расчистување на повеќе од 3000 кубни метри камења, вечерва во 20.00 часот преку железничката линија Велес- Битола ќе помине првиот воз. Проблемот со одронот беше решен откако се минираше големата карпа која претставуваше опасност за одвивање на железничкиот сообраќај на тој дел пд пругата, соопшти претпријатието.

 
 
20.11.2015 - 18:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа