Хрватскиот министер за труд нареди истрага за инвалидските пензии

Хрватскиот министер на труд и пензискиот систем Мирандо Мрсиќ нареди истрага за инвалидските пензии, откако беше утврдено дека секој петти пензионер во Хрватска е инвалид.

- Се ќе биде испитано и случаите на незаконски пензии ќе бидат предадени на полицијата и Обвинителството. Нема да има отстапки за никого, крајно време е оваа ситуација да се прекрати, изјави претставник на Министерството.

Според пресметките, 1.000 лажни инвалидски пензии државата ја чинат половина милијарда куни (околу 66,45 милиони евра) и затоа Мрсиќ бара истрага дури и за службениците во пензиските управи, каде исто така работат голем број инвалиди.

Сајтот потсетува на аферата со лажните инвалидски пензии од 1998 година, кога беа откриено преголем број инвалидски пензии во Сплит, одобрени на почетокот на 90-те години. По повеќегодишна истрага беше покренато обвинение против директори и членови на комисии за инвалидност. Процесот уште е во тек и не му се гледа крајот, забележува Индекс.

ФОТО: Курир