Почина познатата ТВ водителка
Една од најпознатите хрватски водителки, спикерки и новинарки, не само во Хрватска, туку и на просториите на поранешна Југославија, Дуња Ланго, почина на 74-годишна возраст.
Родена е на 27 ноември 1941 година во Загреб, завршила Гимназија и запишала студии во Загреб. Дипломирала на Филолошкиот факултет во Белград, отсек англиски јазик и книжевност.
Работела на РТС, Радио ТВ Загреб и Радио ТВ Белград.
Нека почива во мир!
19.11.2015 - 12:18
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа