Идентификуван убиецот на војниците во Сараево: Бил познат наркоман

 

Осомничен за убиството на војниците во БиХ е Енес Омерагиќ, кој според соседите е познат наркоман. Според очевидците Енес изгледал како припадник на вахабистичка група, пренесува „Аваз“.

Инаку убиени се војниците Армин Салкиќ и Недељко Радиќ. Тие служеле во батаљонот на Воената полициска бригада за тактичка поддршка.

За решавање на двострукото убиство вклучени се припадници на Федералната управна полиција.

„Во обожувалницата на улица Сафет Зајка дојде до вооружен инцидент и две лица смртно страдаа. Работиме на расветлување на тој случај“, изјави Драган Лакач директор на ФУП.

Тој додаде дека сеуште е рано овој напад да се оквалификува како терористички.

Лицето кое го изврши убиството е во бегство, а според неофицијални извори напаѓачот пукал и во автобус кој се наоѓал во непосредна близина.

 
 
18.11.2015 - 22:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега