Експлозија во поранешна касарна во Хрватска - три лица се повредени

 

Tрojцa воени пиротехничари се повредени при експлозија на минско-експлозивна направа во поранешната касарна „Стара стража“ во селото Паѓене, крај Книн, соопшти денеска Министерството за одбрана на Хрватска.

Во текот на чистење-санација на теренот на Воениот складиштен комплекс „Паѓене“ во 10.40 часот дошло до неконтролирана експлозија на заостанато минско-експлозивна направа што се наоѓала меѓу високи растенија, наведува Министерството.

При експлозијата се повредни тројца пиротехничари од Загреб, припадници на Вооружените сили на Република Хрватска, од кои едниот, според првичнте информации, се здобил со тешки, а другите двајца со полесни телесни повреди.

Порталот „24 сата“ потсетува дека во поранешната касарна избувна пожар на 13 септември 2011 година, кога со часови се слушаа детонации на заостаната муниција. Поради пожарот беа евакуирани околу 130 лица во круг од пет километри, а од местото на несреќата беа повлечени и  припадниците на воената единица која ја обезбедувала касарната. Министерството тогаш потврди дека во складиштето се наоѓала т.н. неперспективна муниција, односно муниција што војската не ја користи. 

ФОТО: 24сата.хр

најчитано сега