Јолевски во неколкудневна посета на САД и Канада
Министерот за одбрана Зоран Јолевски, од денеска е во неколкудневна посета на Соединетите Американски Држави и Канада.
Како што соопшти Министерството за одбрана, за време на посетата на САД, министерот Јолевски ќе оствари средба со Лаура Грос, заменик на заменикот-помошник на секретарот за одбрана, како и средби со сенатори, конгресмени и претставници од тинк-тенк заедницата. Во рамки на престојот во САД, министерот Јолевски и деканот на Воената академија „Михајло Апостолски“, полковникот Орце Поповски, ќе остварат неколку средби и во Универзитетот „Норвич“.
По посетата на САД, Јолевски заминува за Канада каде ќе учествува на Меѓународниот безбедносен форум во Халифакс, на кој ќе земат учество голем број министри за одбрана, началници на генералштаби, високи функционери во НАТО и др.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа