Новиот министер за труд и социјала ја превзеде функцијата

Новоизбраната министерка за труд и социјална политика Фросина Ташевска-Ременски денеска ја презеде должноста, соопшти МТСП.

Првиот работен ден Ташевска-Ременски го почна со средби и состаноци со вработените со цел запознавање со тековните работи во Министерството.

На средбата присуствувале и дополнителниот заменик-министер за труд и социјална политика Диме Спасов и заменик-министерот за труд и социјална политика Ибрахим Ибрахими при што разговарале за актуелните состојби во Министерството и исполнувањето на законските надлежности.

 
 
12.11.2015 - 14:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега