Владата ќе помогне: Семејството со осум деца ќе ги добие клучевите од новиот стан

Во рамки на работната посета на Охрид каде премиерот Никола Груевски има набиена агенда, се сретна и со жителите и ги слушна нивните проблеми, со цел да се изнајдат брзи и ефикасни решенија за истите. 

Меѓу прашањата што му беа поставени беше и проблемот на семејството од Охрид со осум деца, кое живее во субстандардни услови во една од бараките што наскоро ќе бидат урнати. Притоа, премиерот  во консултација со директорот на Јавното претпријатие за стопанисување со деловен и станбен простор, Цветко Грозданов, се информираше за начинот како да му се помогне на семејството при што беше соопштено дека во најскоро време ќе биде свикана комисија која во скратена постапка ќе му додели еден од становите наменети за социјално загрозени семејства. Премиерот беше дециден - тоа да се стори во најкус можен рок и да се забрза целата процедура околу обезбедувањето на потребната документација, така што тоа семејство до вторник ќе ги добие клучевите од новиот стан.

Граѓаните на Видовишта се заблагодарија за посветеноста со која се преземаат и реализираат проекти од страна на Владата и локалната самоуправа. 

 
 
12.11.2015 - 14:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега