Пешевски: Ако Заев е сигурен дека ќе стане премиер нека даде оставка од градоначалничката функција

ВМРО-ДПМНЕ ја поздравува одлуката на Зоран Заев да го предводи СДСМ на претстојните предвремени парламентарни избори и да се бори за мандат за Претседател на Владата.

Во продолжение следува интегрален текст од вчерашната прес-конференција на Владимир Пешевски, член на Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ

Тоа значи дека на 24-ти април граѓаните директно ќе избираат помеѓу Никола Груевски и Зоран Заев и помеѓу проектите на ВМРО ДПМНЕ и деструкцијата на СДСМ.

Зоран Заев денес самиот се прогласи за иден премиер. Зоран Заев денес уште еднаш покажа што мисли за правото на граѓаните самите да судат и да одлучуваат. Зоран Заев, денес уште еднаш ги потцени сите гласачи.

Доколку Зоран Заев е сигурен дека граѓаните ќе гласаат за него, ВМРО ДПМНЕ го повикува да си даде оставка од функцијата градоначалник на Струмица, исто како што тоа ќе го стори премиерот Никола Груевски.

Втората добра вест која денес ја слушна целокупната јавност е што Зоран Заев потврди дека после изборите во април веќе не постои ниту една причина поради која СДСМ не би ги признала резултатите.

Тоа значи дека граѓаните уште од денес може да бидат спокојни.  После 24-ти април Македонија уште порешително ќе зачекори по патот на eкономскиот прогрес и реформите, а не по патот на блокадите и деструкцијата. 

 

 
 
12.11.2015 - 13:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега