Мирчев: Македонија доби позитивен извештај од Европската Комисија

Препораката од Европската Комисија, која Македонија ја добива по седми пат, е доказ дека реформите во голема мера се исполнети, а тоа што постои услов е заслуга на СДСМ со нивното однесувањето за време на политичката криза, пренесува Телеграф.

Според професорот Димитар Мирчев најважно е да се гледа генералната оценка на извештајот, бидјеќи во секој извештај на секоја земја-кандидат за членство може да се најдат позитивни и негативни работи. Во Македонија забележан е напредок во неколку полиња, но важно замјата продолжува со реформите.

Мирчев смета дека генерално извештајот на ЕК е позитивен, бидејќи Македонија повторно доби препорака за почеток на прговорите.

„Да појаснам ’условена’ препорака, додека не се знае дали предлозите и забелешките се усвоени и остварени, значи одложување за најмалку една година. Тоа ја става земјата под посебен режим, за разлика од другите кандидатки. Тој вид извештаи и препораки излегува дефинитифно од правните рамки на односите РМ и ЕУ, според Спогодбата потпишана во 2001 година. Очигледно е дека, додека претходните извештаи и препораки беа сосем позитивни, се разбира со некои забелешки, а не се прифаќаа поради грчкото вето, оваа се враќа на ватрешната криза, а такви или слични кризи имаат третина од членките на Унијата“, смета Мирчев, пренесува Телеграф.

Професорот стравува дека поради формулацијата на извештајот и препораката, степенот на ентузијазам на граѓаните за влез во Унијата ќе се намали, а тоа не е добро за процесот на придружување.

Инаку ЕК нагласи дека условената препорака за Македонија значи дека по изборите во април следната година, ќе се одлучи дали зеленото светло за преговори ќе се потврди или не.

 
 
12.11.2015 - 11:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега