ФОТО: Футуристичка антенска кула ќе го краси Водно
Наша позната градежна компанија ќе гради телекомуникациска кула Водно, дознава порталот Плусинфо. Според инфорамациите на порталот, наскоро ќе биде изработена и 3Д симулација која ќе овозможи да се видат сите аспекти на кулата од различни перспективи.
Антенскиот систем ќе се гради на висина од 155 м, во близина на Скопје, на планината Водно, на 500 метри источно од Милениумскиот крст, пишува Плусинфо. Според предвиденото, проектот треба да се реализира за пет години. Кулата, објавува Плусинфо, ќе обезбеди контрола врз користењето на радиофреквентниот спектар. Порталот дознава дека ќе биде инсталирана високо софистицирана мерна опрема за контрола и мониторинг на радиофреквенции и соодветни антенски системи.
Во кулата ќе бидат сместени предавателитена македонските оператоти и антенски ситем за контрола и мониторинг на радиофреквенциите. На врвот, дознава Плусинфо, ќе има администритативни простории, но, и ротирачки ресторан од кој посетителите ќе можат да го гледаат Скопје.